Iz makedonskog tiska

IZ MAKEDONSKOG TISKA

Dnevnik, Skopje, Republika Makedonija, 27.  rujna, 2010.

Loši prijevodi živciraju gledatelje

S emitiranjem hrvatskih serija dolazimo u besmislenom situacija. Blagovanica je prevedena s toalet тоалет umjesto trpezarija трпезарија, pola šest je šest i pol шест и пол, a satnik što je na hrvatskom vojni čin kapetana, na makedonsk je prevođeno sa  časovničar часовничар. Osim loših  prijevoda prebrzo se mijenjaju titlovi, pa gledatelj ne može pratiti program.

Ponekad posao prevoditelja nalikuje na čaroliju i na istinski podvig. Prevoditelji su najbolju tumači i posrednici između kultura otkako je svijeta i vijeka. Zapisao je nobelovac Ivo Andrić.  (nastavak prijevoda uskoro)

Napisala Sonja Aleksoska – Nedelkovska/ Соња Алексоска – Неделковска

Дневник, Скопје, 27 септември, 2010

Лоши преводи ги нервираат гледачите

Со емитувањето на хрватските серии наидуваме на бесмислени ситуации: благоваоница е преведена со тоалет наместо терпезарија, пола шест и шест ипол, а сатник, што означува хрватски чин капетан е преведено како часовничар. Покрај лошите преводи, забележана е и појавата на брзо менување на титлот, што гледачот го прават нервозен бидејќи не може да го следи дејството.

Понекогаш работата на добриот преведувач личи на магија и на вистински подвиг. Преведувачите се најдобрите толкувачи и посредници во овој отсекогаш поделен свет – запишал нобеловецот Иво Андриќ. При анализа на преводите на филмовите и на сериите што се емитуваат на телевизиите, оваа синтагма станува изгубена во преводот, а нејзината магија се претвора во хорор подвиг. Речиси редовно имаме буквален превод на изрази кои стануваат бесмислени на македонски јазик, зборовите се погрешно напишани и преведени, а често се употребуваат и србизми. Квалитетот на преводите не е на завидно ниво.

– Погрешно се преведуваат и бројки, денови во неделата, месеци, а дури се менуваат имиња. Тоа многу често доведува до тешкотии во следење на филмот, доколку не го разбирате оригиналот. Никогаш не ми било јасно како може, на пример, името на познатиот нацист, Адолф Ајхман, да се преведе како Ајкмен. Во филм Затворски рок од 1957 година репликата ‘’Punk like you can earn millions’’ е преведена со Панкер како тебе може да заработи милиони. Во последно време, со емитувањето на хрватските серии наидуваме на уште побесмислени ситуации: благоваоница е преведена со тоалет наместо терпезарија, пола шест и шест ипол, а сатник, што означува хрватски чин капетан е преведено како часовничар. Покрај лошите преводи, забележана е и појавата на брзо менување на титлот, што гледачот го прават нервозен бидејќи не може да го следи дејството. – појаснува д-р Симона Груевска – Маџоска, виш научен соработник во Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков.

Постојат три причини што доведуваат до таков резултат. Според Груевска – Маџоска тоа се парите, времето – кое наметнува грешки направени од брзање и квалитетот на преведувачот.

–          Не сум сигурна дали преводите на ТВ ги прегледува лектор или се останува на преведувачот. Како што е општопознато, во 1998 година беше донесен Закон за употребата на македонски јазик, според кој се што се печати, објавува, емитува мора да биде лекторирано.Тоа значи дека спротивното претставува кршење на законот. Колку што ми е познато, во телевизиите нема вработени лектори, па така не треба да зачудува сегашната ситуација. И тоа не се работи само за филмската продукција, туку за се што се емитува, вклучително и вестите на кои редовно гледаме примери на генерална неписменост како грешки во пишувањето на голема и мала буква, а да не зборуваме за емисиите што одат во живо. Во овој контекст, морам да ги пофалам оние емисии и серии што одат со нахсинхронизација извршена од дипломирани актери, бидејќи можеме да слушаме убав македонски јазик со правилно акцентирање.

За книжевниот преведувач Благоја Велковски – Краш причините за лошите преводи лежи во непознавањето на сопствениот јазик и во материјата што се преведува.

–          За добар превод потребно е да се познава сопствениот јазик и туѓиот од кој се преведува. Бидејќи сум работел во Македонската радио-телевизија, знам дека филмовите или сериите се преведуваат без да се гледаат однапред. Често се соочуваат со нивната содржина во моментот кога треба да го стават титлот. Затоа наместо револвер, ќе се напише пушка. Но за да се добие еден солиден превод потребна е постојана контрола од одделението што е задолжително за таа работа. И денес има млади и искусни преведувачи во националната куќа кои во моментов немаат работа. Би ги споменал Лилјана Индова, Наташа Ѓондева, Анкица Ангеловска, кои превеле околу 500-600 филмови. Филмовите тематски се врзани за обичаите,а често и за сленгот, кој јас на македонски го преведувам како бош и го нарекувам бошачки јазик. За секој поим, состојба и дејство во филмот може да се најде соодветен израз.

–          Потребна е умешност кај преведувачот да го збие текстот. Говорниот текст е многу подолг отколку што гледачот може да го прочита. Се случува некои неуки, неискусни и неопитни преведувачи тоа да не го знаат и затоа често се појавуват преводи со брзо менување на титлот. На тој начин воопшто не може да се следи дејството – појаснува Велковски.

Решението за ваквата состојба во медиумите е да се почитува законот и да се казнува непочитувањето, што очигледно досега не функционира.

–          Не сум слушнала дека некој е казнет, и тоа не само телевизиите туку, на пример, и издавачките куќи. Повеќето од поновите изданија се со исклучително лош превод главно од српски и од хрватски јазик и изобилуваат со јазични и со правописни грешки, а и нема податок дека некој го лекторирал изданието. Тоа претставува јавно кршење на законот и треба да биде казнето. Казните се парични, па ако се почне со казнување, верувам дека одговорните ќе се ангажираат многу повеќе. Списокот на лектори е објавен на страницата на Министерството за култура на РМ.

Според Велковски, преводите ќе бидат подобри доколку се излезе од рамките на стандардизација на македонскиот јазик и со поголема ангажираност на институциите.

Институтот за македионски јазик не чувствува вина за состојбата. Во последно време се почесто се прозива Институтот за македонски јазик дека е инертен и дека не реагира на лошата состојба на македонскиот јазик. За д-р Симона Груевска-Маџоска тоа е сосема погрешна констатација.

–  Само во последните неколку години Институтот организираше редица трибини, дебати и научни конференции посветени на низа актуелни теми, но се чини дека тоа не е доволно интересно за пошироката јавност, бидејќи и покрај уредното и навремено поканување, ретки се тиие медиуми што ќе известат за овие случувања, ако не се смета кусата информација за тоа каде и кога се одржува. Затоа не треба да се напаѓа ако се нема доволно информации за фактичката состојба. Ниту еден научник од Институтот не одбил ниту новинар, ниту граѓанин за каква било информација.

Дневник, 27 септември, 2010

Напишала: Соња Алексоска – Неделковска

(slijeva) Želimir Ciglar, Katerina Minoska, Marko Uzelac, Viktor Georgievski, Renata Kralevska, Ljudmil Spasov

Uredništvo portala http://www.kroatisti.mk

Odgovori

Popunite niže tražene podatke ili kliknite na neku od ikona za prijavu:

WordPress.com Logo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš WordPress.com račun. Odjava / Izmijeni )

Twitter picture

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Twitter račun. Odjava / Izmijeni )

Facebook slika

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Facebook račun. Odjava / Izmijeni )

Google+ photo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Google+ račun. Odjava / Izmijeni )

Spajanje na %s


%d bloggers like this: