Prijevodi eseja

Нивес Опачиќ

Клучот во водата

Насловот може да сугерира дека клучот ми паднал во вода; но дали тоа ќе биде барем малку интересна тема? Во вода може да ми падне сешто, па што од тоа? Клуч

Нам ни значи пред се метална направа за отворање и затворање на брава, па затоа со себе си тегнеме купишта клучеви: од дома, викендица, гаража, автомобил, разни фиокички од масата за пишување, од благајната ( касети со документи и некогаш и малку пари ), сандаци итн. Вистинскиот мајстор никаде не тргнува без алат, а комплетот од клучеви за отворање, затворање секогаш му е при рака (нормално и францускиот клуч ). Ќе е неправедно оти ги спомнуваме алатите, а да не го спомнеме главниот знак на портирот на небеските порти Св.Петар, кој никаде не оди без клучеви како што и папата секаде оди со своите два главни клуча. Додека сеуште (главно неуспешно) штракав по клавирот, се дружев со виолинскиот и бас-клучот, но набргу потоа се прифатив со фразеологијата да поимот клуч исто така има оставено трага: да се биде под клуч (да се биде добро затворен, добро чуван во трезор); да добиеш клуч в раце (во суштина власт над некого/нешто), иако формулата се пресели во градежништвото (да се вселиш во целосно наместен стан); да се стави клуч во брава (да се падне под стечај, да се престане со работа); да се отвори нешто со златен клуч (да се дојде до нешто преку нешто); да му се дадат некому клучеви од нешто (да се стави некому нешто на располагање); да се затвориш со 7 клучеви (да не го споделиш своето мислење, држејќи го строго за себе). Во западна Босна на кривината на реката Сана се наоѓа место што се вика Клуч.

Порано во Југославија се решаваа според републичкиот клуч (ако веќе не е национален) а клуч ја претставува и онаа спасоносна формула за читање и разбирање на шифрираниот текст.

Клучот се става во клучалката или бравата (може да биде и прозорец кон светот на неочекуваните осознавања). Низ кличалката понекогаш се ѕирка, се гледа кришно, што не се смета сосема пристојно. Повеќе ми се допаѓа старата врска меѓу клучот и бравата, место оние модерни картички кои ме тераат да се потам пред портите на хотелските соби додека во пукнатината ја пикам картичката де од оваа де од онаа страна а вратата сеуште останува затворена.

А сега да се нурнеме малку во историјата на зборот клуч. Првично значење му е свиткан предмет. Ваквиот отворач не познава ниту пречки ниту граници па во Турција и земјите што стекнале под нејзина власт се викал калаус. Постои и презиме (Калаус), што не мора да означува дека носителите на тоа презиме биле пробивачи на брави, зошто калаус значи и водич на патот, навигатор, па носителите на пва презиме веројатно припаѓале и на оваа чесна и корисна професија.

Целата приказна за водата и клучот ми падна на ум кога неодамна бев во манастирот Св.Наум на Охридското Езеро. Очите ми ги отвори се разбира и светицата на која очите и се главна преокупација – Св. Петка. Нејзината црква секогаш се сместува покрај води. Гледајќи ги фреските од животот на Св. Наум, на некои се гледаше дека ги лечел болните, главно душевните бидејќи е познато дека бил лекар и дека денес на македонските невропсихијатри овој светец им е заштитник. Фреските на кои се наоѓаат прилози од животот на светецот (закопан 910 година во црквата која ја основал во 895 година) не се ни големи ни сместени централно, па затоа посетителите ги гледаат на две- на три, и главно трчаат по водичот да го проверат оан што не може да се провери отчукувањата на срцето на овој светец или барем шумот на место каде би требало да биде неговото срце.

Не се туркав на тоа фантомско потслушнување туку се вратив во главниот црквен простор и уште еднаш ги разгледав фреските. На една се гледа како болниот го врзуваат за стапови што може да значи предходница на лудачка кошула или стега. На другата се гледа како некој опседнат кутар стои во котел кој е обвиен со пламени јазици. Во котелот се гледа дека бил уфрлен клуч за да ја отклучи душата на болниот и од неа да може да излезе секое зло. Кога водата ќе го исфрли клучот, кога ќе почнат да се собираат меурчиња, да зоврива, се чини дека терапијата е завршена, човекот сварен скока од котелот (се разбира целосно излечен). Од ова нема да извлечам никаков заклучок; побргу ќе го споменам помалку познатиот поим naključak, што во Лика значи парче месо што се става да се вари во јадењето кое ќе врие и што се јаде и не се принесува на маса со другите јадења, pokljuka (во Словенија, значи месност), глинен сад за готвење или печење во роднинска врска со веќе споменатите зборови (lopiža, crepulje, crijepnje, črepnje, čeprnje) во кој мозете да го подготвите традиционалниот специјалитет за сиромашни – клин-чорба.

Prevod iz tekst: Ključ u vodi, Vijenac, rujan 2010.

Nives Opačić

Preveli su:  Sandra Spasovska,  Renata Kralevska,  Marko Uzelac,  Saško Iliev i Viktor Georgievski.

Odgovori

Popunite niže tražene podatke ili kliknite na neku od ikona za prijavu:

WordPress.com Logo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš WordPress.com račun. Odjava / Izmijeni )

Twitter picture

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Twitter račun. Odjava / Izmijeni )

Facebook slika

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Facebook račun. Odjava / Izmijeni )

Google+ photo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Google+ račun. Odjava / Izmijeni )

Spajanje na %s


%d bloggers like this: