Pavao Pavličić

Павао Павличиќ – Морето и водата

 
 

Pavao Pavličić predaje na Komparativnoj književnosti Filozofskoga fakulteta Sveučilišta u zagrebu. Izuzetnoje plodan i gotovo svake godine objavi barem jednu beletrističku i stručnu knjigu. I tako još od studija!

Pavao Pavličić: “More nije voda”, Vijenac rujan, Zagreb, 2010. godina

Павао Павличиќ „Морето не е вода„, Вијенац, , октомбри, Загреб 2010. година

Морето не е вода

Целата учебна година наставниците се обидуваат да ги научат по нешто од хрватскиот јазик, но децата се мрзливи, па тоа тука и не оди сосема добро. А потоа ќе дојде лето, та децата за својот јазик научуваат повеќе одколку што би можела да им пикне в глава која и да е учителка.

Да како, тоа се случува во игрите, во малите места покрај морето времето заедно го минува дечурланата што живее таму цела година и дечурланата што таму доаѓа на летување. Тие едни со други си се наставници по хрватски јазик а обуката си врви од утро до мрак.

Оти, најнапред откриваат дека едните ги имаат соблечено чевлите, а другите клепаците; дека едните шутираат крпењача, а другите топка; натаму дека едните пукаат на гол, а другите на греда. Тогаш преоѓаат на бечви и гаќи и пантоломи, патлиџани и френки, земички и момички, но за сè лесно се разбираат па со задоволство си ги разменуваат термините и поради ново прифатените сами себе си се чинат како светски луѓе.

Само во една работа не можат да се сложат: што поточно значи морето? (е) И навистина, на малите далматинци кожата и се костреши кога дојденците ветуваат дека од онаа онде карпа ќе скокнат во вода. А малите континенталци не можат да се изначудат зошто нивните домаќини велат дека морето им влегува во сурат. Колку и да не знаат за што точно станува збор, децата јасно насетуваат дека се работи за некоја голема важна разлика која не е единствено само јазична. За луѓето од копното, морето имено се состои од вода, еднаква како во реките или езерата, со единствена разлика што морската вода е сина и солена.

За далматинците, работите стојат сосема поинаку. За нив морето е секогаш море, без оглед на количевството, како водата што е секогаш вода без оглед на количевството.

Накусо, во Далмација за морето и водата се суди од човечка гледна точка, односно од она што нему му е потребно за живот: водата е онаа бесценета течност без која не може да постои ниту човечка населба ниту каков и да било сериозен опстанок.

Хрватската посебност лежи во тоа што нашата земја се состои од две половини: онаа во која морето е вода и онаа во која не е. Залудно ќе биде да се нагаѓа што од двете е подобро, бидејќи и двете имаат смисол: разумно е во Далмација да се разликува морето од водата а логочно е на континентот оваа разлика да се запоставува. Тоа се две целосни и заокружени култури а се работи само за тоа дека тие се измешале и се сплотиле како што се имаат сплотено и децата од плажата.

На таков начин се покажува дека морето и водата се всушност симболи. Токму тоа значат и оние две половини на Хрватска кои меѓусебе се толку многу различни.

Водената половина е сврзана со почвата со прастарите словенски традиции со сигурноста на домашните традиции. Морската половина е отворена кон далечината, према непознатата земја, према другите јазици и искуства. Водената Хрватска постојано се наоѓа под закана да стане провинциска, отупена, додека морската Хрватска секогаш се наоѓа во опасност да се претопи светот и неговите предизвици.

А токму тоа го насетуваат оние деца што си играат заедно, та затоа енергично ги впиваат непознатите зборови. Децата насетуваат дека треба добро да се запознаат, оти тоа ќе им осигура иднина. Тие сфаќаат дека на светот не се може ниту без море, ниту без вода и дека би било глупо некој од двете да се занемари.

Насетуваат и дека можеби постои нешто што е мешавина од море и вода и се вика мешана вода. Таа е добра за поливање и во неа живеат најдобрите риби како што покажува Дримот кај Струга, изворите на Дрим кај манастирот Св. Наум или устието на Вардар во Белото море. Прекрасно ќе биде кога Македонија (Хрватска) би била и море и вода и мешана вода.

Prijevod eseja Pavla Pavličića “ More nije voda“ objavljenog u Vijencu rujan, 2010. godine

Preveli su pod mentorskim vodstvom prof. dr. Ljudmila Spasova:

Marko Uzelac, Saško Iliev, Sandra Spasovska,

Viktor Georgievski i Bojan Arizankovski,

studenti jednopredmetne kroatistike na

Filološkom fakultetu“Blaže Koneski“

Sveučilištu Svetog Ćirila i Metoda

Republika Makedonija

 
 

Pavličićev intervju za zagrebački Večernji list vodila je Mirjana Jurišić

Kolmna iz Vijenca, Zagreb, 2009.

Odgovori

Popunite niže tražene podatke ili kliknite na neku od ikona za prijavu:

WordPress.com Logo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš WordPress.com račun. Odjava / Izmijeni )

Twitter picture

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Twitter račun. Odjava / Izmijeni )

Facebook slika

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Facebook račun. Odjava / Izmijeni )

Google+ photo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Google+ račun. Odjava / Izmijeni )

Spajanje na %s


%d bloggers like this: