Slavenka Drakulić

Slavenka Drakulić

"Kako smo preživjeli komunizam i smijali se"

"Kako smo preživjeli komunizam i smijali se"

Može li se bol opisati?
Pokušavam. Smatram da je to vrlo ozbiljno pitanje, jer postoje stvari koje su neizrecive. Ne postoji bez veze fraza ‘neizreciva bol’. U svakom slučaju, umjetnik mora probati izraziti neizrecivo. U slikarstvu i glazbi to je lakše jer su te umjetnosti neposrednije.

Slavenka u Booksi o Fridi

Критика за романот ” Фрида или за болката”

од Славенка Дракулиќ

За мексиканската сликарка Фрида е напишано многу, но изгледа дека романот “Фрида или за болката” чиј автор е Славенка Дракулиќ, предизвика најголемо внимание кај читателската публика и кај критиката, како во  Хрватска, така и во Германија и Шведска. Тоа се местата каде што живее и твори оваа хрватска писателка и новинарка.

Таа, како што и самата изјавува телото го става во некоја екстремна состојба за потоа од еден нејзин агол тоа да го анализира творечки и психолошко.. Во книгата има доста лично , биографско, но и разни други случки кои се можни секому да му се случат.

Книгата не е целосно  посветена на сликарката Фрида иако така се мислеше. Самата авторка низ своите  интервјуа по повод овој познат роман кажува дека има само некои важни моменти од нејзиниот живот, на кои се гради романот. Другото е плод на мислата на авторката, која става акцент на психолошкиот аспект.

славенка Дракулиќ се соживува со ликот на Фрида, со нејзината болка, а натаму се однесува  како таа да е со таква болка и замислува се што би можела да доживее како таква.

Познатата мексиканска сликарка Фрида претрпела голема болка и поради тоа и биле извршени над триесет операции. Но и покрај таа голема болка, живеела мошне активно и имала љубовни врски со истакнати личности од тоа време. Живеела така да се рече бурно. Тоа е она психолошкото на кое му обрнува внимамие писателката Славенка Дракулиќ.

Фрида преку своето сликарство станала позната во целиот свет и на некој начин го одбележала 20-от век, уште повеќе знаејќи за сите околности  во кои живеела и работела. Токму и затоа, романот на Славенка Дракулиќ се чита во еден здив, бидејќи главниот лик е познатата личност со сите нејзини специфичности.

Сќавенка Дракулиќ сега живее во релација Загреб- Виена_ Стокхолм, затоа што е мажена за странец кој поради неговата работа патува на овие дестинации.

Се занимава и со новинарство, нешто помалку од порано, но сепак пишува разни коментари, за познати светски весници во Германија, Шведска и САД.

Мартина Попеска

Frida Khalo

Frida Kahlo

Odgovori

Popunite niže tražene podatke ili kliknite na neku od ikona za prijavu:

WordPress.com Logo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš WordPress.com račun. Odjava / Izmijeni )

Twitter picture

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Twitter račun. Odjava / Izmijeni )

Facebook slika

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Facebook račun. Odjava / Izmijeni )

Google+ photo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Google+ račun. Odjava / Izmijeni )

Spajanje na %s


%d bloggers like this: