Studentski radovi

 
Катерина Миноска, студентка 2. година
 
Чувство

Katerina Minoska, studentica 2. godine FF "Blaže Koneski", pjesnikinja


Како во пустина
се движам полека,
долг пат со златен песок.
Како во прав прашина се крева,
со секој изоден чекор.
Полека се губат
и стапалките
од босите нозе.
Остануваат целони,
како нацртани,
но само за миг,
а потоа се губат.
Тивкиот ветер
дува и ги брише,
како никој и никогаш
да не поминал оттука.
Полека се приближувам
кон езерската шир…
Колку поблиску доаѓам,
брановите-исто како
и тие да доаѓаат кон мене.
И директно влегувам во езерото.
Само право, право, право…
Одеднаш застанувам,
погледнувам надолу
и како во огледало
го гледам мојот лик,
со секој нов бран
како да доаѓа и ново огледало.
По долго стоење
и без никакво движење,
полека се враќам,
но со грбот свртена
кон ситниот песок.
Седнувам
и го вртам лицето кон небото,
а тоа како недопрено се разделува,
чисто како стакло,
полека отвора дел
во еден златен круг,
а низ отворите
излегуваат сончеви зраци.
И сето тоа како еден
светлосен цвет
го позлатува езерото
и во него се огледува
како најубав круна…
Но никој тоа не го забележува,
исто како да бев сама
во тој момент.
Зарем навистина никој тоа не го гледа?
Зарем никој не и се насладува
на таа убавина?
Зарем никој го нема ова чувство
што го чувствувам јас?
Тоа е прекрасно,
неодоливо, ѕвездено,
сјајно, блескаво,
волшебно, тоа…
Тоа магично чувство…

Čuvstvo

Kao u pustinji

hodam polako

dugim putem po zlatnom pijesku.

Kao u oblaku prašina treperi,

sa svakim korakom.

Gube se polako

i stope

nogu bosih.

Ostaju cijele

kao da su zacrtane,

ali samo za časak,

a onda se gube.

Tihi vjetar

puše i briše stope moje,

kao da nitko i nikad 

tuda nije hodio.

Hodam polako

oko jezera

što sam bliže

valovi mi

 dolaze bliže.

i odmah ulazim u jezero.

Samo naprijed, naproijed, naprijed…

Odjednom zastanem,

pogledam dolinu

i kao u ogledalu

vidim svoj lik,

sa svakim novim valom

kao da dolazi i novo zrcalo.

Pa dugo mirovanje

i nikakav pokret

polako se vraćam,

liježem leđima položena

na sitni pijesak.

Sjedam

I okrećem licek nebu,

A ono se kao netaknuto razdvoji,

čisto kao staklo,

polako otvara dio

u zlatnom krugu,

a kroz otvor

izlazeu zrake Sunca.

I sve to kao jedan

svijetli cvijet

pozlati jezero

i u njem se ogleda

kao najlepša kruna…

Nitko to ne vidi,

Kao da bijah sama,

u tom trenu.

Zar nitko to ne vidi?

Zar se nitko ne naslađuje

tom ljepotom?

Zar nitko nema ovaj

Osjećaj što ga ćutim ja?

To je prekrasno,

neodoljivo, zvjezdano,

sjajno, bljeskavo,

čarobno, to…

Taj nadnaravni oćut…

Katerina Minoska, studentica 2. godine FF “Blaže Koneski”, 2009. godina

Katerina Minoska, studentica FF "Blaže Konseki", 2. godina

 

 

 

ESEJ

 

Cvetanka Naceva, studentica 3. godine kroatistike kao drugi studij (B)

Roman “Epitaf carskoga gurmana” Veljka Barbijerija

Ова дело можеме да  го сведеме само на едно прашање: што е човечкиот живот? Низ сите страници можеме да ја забележиме бесмисленоста и апсурдот кој ни ги наведува писателот, како главна особина на ова дело. Книгата е поделена на три дела и секој дел носи поинаква,но сепак иста приказна. Книгата а воедно и првиот дел започнува со упаѓањето на шефот во станот на гурманот. Овој упад е доста неоснован па и бесмислен како што ке бидат и оптужбите против овој човек. Првата оптужба е дека шефот добил поплака дека тука има прекумерно расфрлање со храна, а потоа ќе следат уште неколку неосновани тужби, како на пример дека тој живее од денза ден без никаква цел, дека времето и силата ги троши на глупости, како што е готвењето, дека е песимист и хедонист, дека е себичен итн.

Поради тоа  штонекој е добар готвач и голем гурман според некое Министерство за јавен ред и морал да биде прогонуван и суден, па дури и прогласен за крив е доста несватливо, нели?

При читањето на делото,честопати и ние како читатели се противиме на апсурдните ситуации во кој е ставен глвниот лик, чувствуваме некаква одбивност кон шефот и неговите  подредени и надредени.

Шефот е претставен како човек кој не е ни најмалку достоен за таков. Како што го гледа и главниот лик тој е најмал шеф од сите  шефови на целиот свет, тој е на крајот на ланецот на надредените во Министерството, но каде што може, тој очајно се труди да биде над некој кој е пониско од него. Тоа го гледаме во неговиот нечовечен однос кон гурманот, кон неговите придружници кои му носат за да седне, и безусловно ги извршуваат сите негови наредби. Но да е толку голем не би пушел запленети цигари ниту пак на судењето ке биде прекинуван и исмејуван од судијата при судењето.

Гурманот кој воедно е и нашиот раскажувач е човек кој живее сам во својот стан. Работи како чиновник, а во слободното време сака да готви. Но токму таа негова желба кон готвењето ќе го доведе до пропаст. На прашањето на шефот зошто сака да готви, тој му одговара дека ни самиот не знае од каде му е желбата кон готвењето, и дека нема друга попаметна работа,па со готвењето го потполнува слободното време. Готвењето за овој човек е важен дел од неговиот живот па дури и дел од него, па дури кога зготвеното јадење ќе испадне, добро тој тоа јадење го поистоветува со животот и реалноста во која живее. Средената кујна и просторот во кои живее можеме да го поистоветиме со среденоста и уредноста во неговиот живот. Но ваквата спокојност ја нарушува шефот со своите ставови, оптужби и морализиранје за тоа како треба да се живее.

Рецептите кој ги припрема се детално опишани и објаснети па дури ни открива и неколку кулинарски тајни.

За него е направен список на производи кои смее да ги користи,а на тој список е ставена и негова слика и списокот е закачен во сите продавници ресторани, кафани.

Следниот ден тој е насилно однесен на разговот во Министерството, каде шефот го обвинува поради тоа што купил црвен пипер. И понатаму го потсетува како треба да се поклони и покори пред властите, а тоа значи да се откаже од она што најмногу го сака во животот: готвењето.

Но овој човек не може да рзбере сто се случува.се труди да најде некакво решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа но не успева.Прогонет е , ставен во некаков список со намирници, прогласен за хедонист и песимист закачен во сите продавници небаре е некој убиец.И неговото работно место е загрозено па добива и принуден одмор, под изговор дека е под истрага на Министерството за јавен ред и морал.

Но ниту списокот а ниту смешниот шеф нема да ја украдат дарбата и уживањето во готвењето. Со неговата дарба тој е способен да измислува нови рецепти па така на малку саркастичен и шеговит начин еден рецепт ке нарече – Ред и морал. Рецептите и храната која,ја срема му го враќаат оптимизмот и повторно се чувтвува непобедлив.

Единствен помошник на овој гурман ќе биде еден продавач кој скришно му дава по некој килограм месо. Тој ке прифати да му биде сведок на судењето и да сведочи во негова корист. И продавачот бил човек кој бил против тоа властите да си земаат за слобода да ги уништуваат туѓите животи. Ваквата неочекувана поддршка била спас за овој безизумен човек.Но веќе следниот ден повторно разочаруванње. Човекот кој беше негова единствена надеш веќе го нема. После ова тој го губи и последниот пријател и останува са м на светот.

Вториот дел од книгата се одвива во затвор. Затворен во една ќелија тој почнува да ја губи смислата за неговиот живот. Тој често размислувал,пробувал да свати, но како би можел да свати кога и самиот не знае за што го оптужуваат. Секој ден оди на испрашување, а прашањата се чисти бесмислици поврзани со рибите, со поредокот на светот и слични глупости на кој морал да дава одговори. Но во секој негов одговор шефот наоѓал начин, тој одговор да го претвори во обвинение.

Лишен е од секаква можност за одбрана, за сведоци. Доведен во ситуација да немозе да се одбрани и самиот тој ке биде прогласенза крив. На судењето тој очајно се бори да каже нешто што ке докаже дека е невин, и дека не прави ништо противзаконско, но залудно. Зборувал објаснувал давал примери дека во животот не направил никому ништо но сепак тој е прогласен за виновен.

Оттогаш се тргнува наопаку. Бил осуден на принудна диета и гладување. Добива отказ од работа, а неговата заштеда е многу мала,немал доволно намирници за да готви , просто не знаел што да направи со самиот себе. Апсурдот се повеке доаѓа до израз. Бесмисленоста на животот во ваква ситуација нуди само едно решение:смрт. А идејата за совршен крај, овој човек ја наоѓа сосема случајно во една книга во библиотеката. Tокму таму тој ке се сретне со човекот кој навидум ке ми понуди помош. Му понудува производи кои му се потребни за прехрана. На почетокот тој не обрнува внимание на оваа понуда но кога ке ги потриши и последните залихи од храна, тој ке биде принуден да отиде во рестранот – застава – и да нарача храна.

Со оваа грешка, тој се осуди на пропаст. Но дали би можеле ова да го сетаме за грешка? Што друго би можел да прави еден ваков човек кој веќе изгубил се во животот. Каков е тој апсурден живот на кој го осудија некој луѓе многу помали од него, кој немаат поим какво е задоволството кое го пружа добро зготвената храна.

Храната која ја нарача ке му ја донесе човекот кој е добар пријател на шефот. Но гурманот од благодарност за услугата ќе го покани на вечера. После вечерата тој ке викне две девојки кој ке го опијат и ке му ги украдат парите од новчаникот. Кога ќе се разбуди,и ќе свати што направил веќе ќе биде касно.Неговиот стан ке бидат во неред и хаос,каков што всушност е и неговиот живот. Кога шефот ке му ја каже сета вистина за целат случка вчера,тој ќе му даде само пет дена а потоа ќе го врати во затвор.

Но тој е решен. Нема да оди пак во затвор и да јаде некакви конзерви до крајот на својот живот. Нема да се согласи да им се потцени на некој луѓе кои ќе сакаат да го натераат да се откаже од нештата кој сака да ги прави. Па решава да се самоубие на истиот начин како неговиот истомисленик од книгата, а тоа е некој готвач по име Габиус Апициус. Го продава саатот кој му е од неговиот татко и остатокот од парите му ги дана како бакшиш на еден човек кој ќе му ги купи намирниците потребни за неговиот последен ручек. Во јадењето става отровни тревки како што тоа го прави и неговиот пријател Габиус во книгата. Во последните страници од книгата тој разговара Габиус. Ја поставува за последен пат масата, го сервира јадењето и седнува да јаде за последен пат. Но тој е убеден дека многу подобро е животот да му заврши на овој начин. Иако Габиус е лик кој никогаш пред тоа не го видел, сепак замислува како се возат во двоколка влечена од два коња. Го замислува лицето на Габиус, и како тој имал ловоров венец на главата, а од страните на патот стоеле овци и говеда кокошки и други животни кој ги поздравувале. Зад нив се створила поворка на чело со бел жртвен бик, кој имал златни рогови. Наеднаш во сонот се појавил шефот па бикот го закачил на роговите и го фрлил, а шефот паднал пред кочијата и бил налик на јадењето кое го зготвил за последен пат. Сето ова е крајот на неговиот живот. Легнал на постелата и се збогувал со Габиус, рецитирајќи два стиха од епитафот.

Целата оваа приказна,целата апсурдност на животот,можеме да ја споредиме и со апсурдот кој е застапен и кај Албер Ками но и кај Франс Кафка и неговото дело “Процес“.И таму се сретнуваме со еден човек кој е осуден за нешто, но не знае за што. Се наоѓа во иста ситуација како и овој лик. Носен од врата до врата, осудуван од некој безвредни луѓе на крајот ќе заврши неколку метри под земјата. И зошто е се во ова? Која е причината за ваквата судбина на овие луѓе? За што се тие криви?

Цветанка Нацева

Odgovori

Popunite niže tražene podatke ili kliknite na neku od ikona za prijavu:

WordPress.com Logo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš WordPress.com račun. Odjava / Izmijeni )

Twitter picture

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Twitter račun. Odjava / Izmijeni )

Facebook slika

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Facebook račun. Odjava / Izmijeni )

Google+ photo

Ovaj komentar pišete koristeći vaš Google+ račun. Odjava / Izmijeni )

Spajanje na %s


%d bloggers like this: